Македонскaта фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 игра против Италија во Рим, во рамките од 7. коло во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.
За Македонија овој натпревар нема посебно значење со оглед на тоа дека веќе се загубени шансите за пласман на Европското првенство што идната година ќе се игра во Германија.
“Играме против квалитетна репрезентација, очекувам да излеземе на терен и да покажеме што знаеме против една голема Италија. Не се плашиме од ниту еден од италијанските фудбалери и храбро ќе излеземе на терен. Многу наши луѓе ќе дојдат на трибините и тоа посебно не мотивира”-изјави Елиф Елмас.
,,Не треба да потенцирам дека сме мотивирани, ова е натпревар кој секој фудбалер сака да го игра. Имаме нови, млади фудбалери и ова е шанса да бидеме подобри, а за тоа ни требаат вакви натпревари.“-вели Енис Барди.
Овој меч има големо значење за Италија, која и натаму се бори за пласман на Европското првенство.
фото: Фудбалска репрезентација на Македонија
Facebook Коментари