Малолетник со здравствени проблеми од струмичко пронајден во Струга, родителите ќе одговараат кривично

На 16.11.2023 во 22.10 часот во ОВР Струга било пријавено дека на улица „Ристо Крле” во Струга бил пронајден малолетник со здравствени проблеми. Известени се јавен обвинител и Центар за социјални работи, по што лицето е згрижено, а по преземени мерки е констатирано дека се работи за 17 – годишник од струмичкото село Банско. Остварен е контакт со неговите родители Т.М. и Ш.М. и малолетникот денеска ќе биде вратен во неговиот дом. По целосно документирање на настанот, против родителите ќе биде поднесена кривична пријава по член 200 од Кривичниот законик – „напуштање немоќно дете”.
Извор: СВР Охрид
фото: архива

