На 16.11.2023 во 23.25 часот на улица „7 Ноември” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Н.К.(30) од Охрид затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.11.2023, полициски службеници од СВР Охрид и претставници на Центарот за социјални работи Охрид извршија разговор со М.Д.(42) од Гостивар, мајка на малолетник, со привремено живеалиште во Охрид. Разговорот, како превентивна мерка, е воден по констатирањето дека таа ја запоставува својата должност за грижа и воспитување на малолетно лице, по што е запознаена со казнените одредби по тој основ. На 19 октомври 2023 година, полициски службеници од СВР Охрид и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во едно основно училиште во Охрид одржаа средба со наставниците и членови на Советот на родители со цел преземање превентивни мерки по пријавено врсничко насилство, манифестирано од синот на М.Д., инаку ученик во школото.
На 16.11.2023 во 14.30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода Б.К.(41) од селото Ботун, општина Дебрца. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се ловечка пушка „Црвена застава” и 15 куршуми различен калибар, кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари