Денеска во Струга прегледи на отворено во рамки на кампањата „Не чекај, превенирај! Заедничка борба за женско и машко здравје”
Во рамки на кампањата „Не чекај, превенирај! Заедничка борба за женско и машко здравје”, СДСМ Струга организира превентивни прегледи на отворено.

Истите ќе се одржат денеска со почеток во 10:00 часот пред Маркет Балкопром (наспроти црква Св. Ѓорѓија).
,,Ќе се врши контрола на гликемија, мерење притисок и превентивно советување за подобра грижа за здравјето.“-информираат организаторите.
Strugaonline

