Лев банер Десен банер

РШ Струга Динг 2021 на гости славеше над тимот на Вардар 1961

Во шестото коло од пионерската лига тимот на РШ Струга Динг 2021 оствари гостинска победа во Скопје против екипата на Вардар 1961 со резултат 16:23
,,Со одличната колективна одбрана стекнавме предност во првиот дел, која ја задржаа и нашите помлади пионери кои добија минутажа во второто полувреме.“-информираат од струшкиот клуб.  Најдобри стрелци во нашиот состав беа Стефановиќ со 11 и Ѓорески со 6 голови. Се истакна и голманскиот тандем Великиќески/Трпоски.
 Во следното седмо коло тимот на РШ Струга Динг 2021 ја пречекува екипата на Јуниор Кисела Вода.
Strugaonline

error: