На зградата на Алмико осамна Василичарскиот мурал „Василичарска епопеја“ во Вевчани. Истиот е нацртан од страна на уметниците Владо Мукоски и Ангелина Споровска. Проектот е финансиран од страна на Министерството за култура.

,,Ова монументално уметничко дело оддава почит на богатиот културен опус на Вевчани, овековечувајќи го наследството на нашиот негуван Вевчански карневал – еден од најстарите европски и први карневали во државата, зачленет во Светската карневалска федерација.
Проектот кој ја доби поддршката од Министерството за култура ја надминува естетиката и е доказ за нашата посветеност да го зачуваме и славиме нашето културно наследство.“-напиша министерката за култура Бисера Костадиноска Стојческа.

Таа додава дека мотивот на муралот одлично се вклопи во просторот и контекстот, а Вевчани дополнително се оживеа благодарение на големата површина на муралот и живите бои.
Стојческа упати честитки до авторите за успешниот проект и што ја искористија моќта на уметноста во раскажувањето на нашите приказни и заштитата на нашата традиција.
Strugaonline
Facebook Коментари