Лев банер Десен банер

Св. великомаченик Мина

Според календарот на МПЦ-OA (Јулијанскиот календар) денеска е 11-ти ноември, денот кој православните христијани го одбележуваат во чест на Св. великомаченик Мина.

Свети Мина беше по род Египќанец, а по професија војник. Подоцна ја напушти службата и се повлече на пусто место, и полека, преку пост и молитва, сé повеќе му се приближуваше на Бога, кој му даде дар да ги гледа работите што се случуваат на далечина.

На тој начин, тој го виде незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па слезе во градот и го разобличи поклонувањето на идолите. Затоа беше ставен на маки, и најпосле му беше отсечена главата.

Свети Мина особено се прослави како застапник пред Бога по напуштањето на земниот живот, слично како свети великомаченици Димитриј и Ѓорѓи.

Извор: MПЦ ОА

error: