Лев банер Десен банер

Дарко Прензоски: Tимот на струшкиот музеј годинава ќе врши истражувања на локалитетите во струшко

Во денешното издание на емисијата Play cafe, ги презентиравме планираните проекти што оваа година ќе ги реализира Н.У Музеј Д-р Никола Незлобински-Струга. Тимот најавува плодна година во која што на музејот ќе се работи и во инфраструктурна смисла , но и на низа истражувања на повеќе локалитети во овој регион, како што се- локалитетот Краста – Долна Белица, Струга, Камен мост- Опале во с. Радолишта, Конзервација и реставрација на археолошкиот материјал од истражувањата во 2022 година на подводниот локалитет Врбник, како и замена на експонатите од постојаната изложба со нови на тема ,,Растенија на планината Јабланица“. Сите детали  ги донавме од Дарко Прензоски, директор на струшкиот Музеј.

Извор и фото: Play radio

error: