Oрганизација која се грижи за заштита на животните спровела истражување за тоа што одредени раси говорат за особините на сопственикот, нивното образование па дури и нивните приходи.
Истражувањето било спроведено во Велика Британија на примерок од две илјади кучиња и биле добиени следниве резултати:
Најобразованите личности се сопственици на златни ретривери. Од сите сопственици кои биле вклучени во истражувањето скоро четвртина биле магистри или имале докторирано.
Сопствениците на расата „чиван“ за разлика од сопствениците на други раси на кучиња поминувале најмногу време со своето милениче. Според резултатите од истражувањето, тие со своето куче поминувале во просек 16 часа дневно.
Сопствениците на далматинци најмногу пари трошеле за играчки за нивното домашно милениче. Исто така, поголем дел од нив биле љубители на спортски автомобили.
Сопствениците на француски булдог се „најголеми рокери“ од сите испитаници, а нивнте кучиња за нив знаат најмногу. Исто така, тие често се наоѓаат во врски од кои сакаат да излезат.
Сопствениците на лабрадори се најчесто самци.
Сопствениците на германски кучиња имаат најмали приходи – покажало истражувањето.
Ленс, Вокман, психолог од Бат – Спа универзитетот спровел слично истражување според кое сопствениците на расата „чиван“ се најфлексибилни и најподготвени за нови предизвици и искуства, додека личностите кои се грижат за лабрадори имаат најквалитетен карактер.
Facebook Коментари