Предавањето „Медитација и справување со умот“ заврши со домашна задача за присутните: Смејте се по сто пати на ден!

- Локални
1031

Во организација на фондацијата  Art of living  Македонија, денеска во просториите на Универзитетот ФОН во Струга се одржа предавање на тема „Медитација и справување со умот“. Предавач беше реномираниот учител Свами Ваишампајан од Индија кој на присутните преку примери им ги претстави петте најважни придобивки од вежбањето јога. Ваишампајан истакна дека со секојдневното вежбање јога најпрво учиме да влијаеме позитивно на околината, можеме да бидеме фокусирани и релаксирани истовремено, учиме да ги „отсечеме“ минатото и иднината од мислите и да живееме во сегашниот миг, учиме да даваме и примаме љубов и учиме да бидеме природно насмеани во поголем дел од денот. На предавањето присутните имаа можност да поставуваат прашања за се она што ги интересира, а е поврзано со јога, медитација и техники на дишење кои помагаат при справување со стресот. Учител Свами Ваишампајан го сподели своето искуство преку кое заклучува дека успешните луѓе кои се на високи позиции и имаат големи одговорности во општественото живеење ги сфаќаат бенефитите од јогата и истата секојдневно ја применуваат.

И тој претходно бил личност со големо општествено влијание, спортист и професионален шахист кој имал свој универзитет за шаx. Преку овој пример шегувајќи се кажа дека интелигентните луѓе се свесни за неопходноста од вежбањето јога, медитација и соодветни техники за дишење кои го смируваат мозокот но ги зголемуваат и неговите функции.

Предавањето заврши со симболична домашна задача до сите присутни, имено тие од денеска ќе треба да научат да се смеат по сто пати на ден, бидејќи во тоа е суштината на живеењето.

Извор: StrugaOnline

Facebook Коментари