Лев банер Десен банер

Вучиќ: Исчезнатото девојче Данка Илиќ е убиено, уапсени се две лица

Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференција информираше дека двегодишната Данка Илиќ е убиена, а за убиството се уапсени две лица.

– Го признаа убиството. Сега ги водат органите до местото каде што го фрлиле телото на детето, изјави Вучиќ.

Данка исчезна на 26-ти март околу 13:45 часот и оттогаш и’ се изгуби секаква трага. Полицијата со најсовремена опрема го пребаруваше просторот во Бањско поле, но не беше пронајден материјален доказ што можеше да укаже на тоа што се случи со двегодишното девојче.

Strugaonline

error: