Лев банер Десен банер

Времето денес променливо облачно со повремен локален дожд

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

6 Лазарополе, Попова Шапка, 9 Маврови Анови, Претор, 10 Крива Паланка, Охрид,  Крушево, 11 Берово, 12 Битола, Дебар, 14 Тетово, Прилеп, Виница, 15 Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија, Велес, Кавадарци, 16 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, 18 Гевгелија.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 08 часот (во l/m2)

14 Пожаране, Дебар, 13 Виница, 7 Маврови Анови, 6 Претор, Берово, Попова Шапка,  5 Охрид, 4 Крива Паланка, Лазарополе, 2 Скопје-Петровец, Штип, 1 Тополчани, Велес, Кавадарци.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време со повремен локален дожд. Утрово е сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови. Дува слаб променлив ветер.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со повремен локален дожд. Од пладне, особено во западните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

error: