ЈП „Еремја“ најавува рестрикции на вода во највисоката зона во Вевчани

- Локални
464
ЈП „Еремја“ најавува воведување на рестриктивни мерки за да се обезбедат потребните количини на вода и за домаќинствата кои живеат во највисоката зона во Вевчани.
Оттаму велат дека апелите за рационално користење на водата не вродиле со плод, а ЈП „Еремја“ не располага со количини на вода од други извори со кои би се надоместил недостатокот на вода и прекумерното трошење.
-Единствена можност што моментално ја имаме е воведување на рестрикции во текот на вечерните часови со цел да овозможиме полнење на резервоарот „Смолејца“ во текот на ноќните часови за да обезбедиме вода за сите домаќинства во текот на денот. Доколку денес во попладневните часови резервоарот се испразни или е со минимално количество на вода, почнувајќи од вечер од 23:00 часот, резервоарот ќе се полни до 05:00 часот наутро, односно тој период ќе биде прекинато водоснабдувањето за сите корисници на Горна зона.-соопшти ЈП „Еремја“.
Од претпријатието повторно испратија апел до нивните корисници, посебно до оние од Горна зона, да ја користат водата исклучиво за пиење и потреби на домаќинствата, а не за полевање и наводнување на земјоделски површини бидејќи, како што велат, се нанесува директна штета на целиот водоснабдителен систем.
Strugaonline

Facebook Коментари