Кривична пријава за жител од Враништа за поседување марихуана

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.К.(27) од струшкото село Враништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
При извршен преглед, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

