Трпението на стружани за решавање на проблемот со депонијата е при крај – чекаат до среда

- Локални, Хроника
2661

Стружани,  остварувањето на ветувањето на Владата дека ќе преземе мерки за решавање на проблемот со депонијата ќе го чекаат до среда, во спротивно ќе се радикализираат протестите – ова е заклучокот од денешниот протест кој се одржа на кружниот тек од магистралниот пат на влезот од Струга.

Oд Граѓанската иницијатива „Доста“ информираа дека доколку централната власт не преземе конкретни мерки до среда, ќе бидат организирани стражарски смени за блокирање на патот кој води до депонијата за да се спречи понатамошно одлагање отпад.

На денешниот протест граѓаните со силни пораки. Песната „На Струга плуќа да имам“ ечеше како симболика за сите здравствени проблеми кои можат да се јават поради загадениот воздух. Но, најсилната порака на протестот ја испратија најмладите, денеска и децата на протест побараа да растат и живеат во чиста животна средина, а возрасните граѓани алармираа дека бројот на лица заболени од карцином во Струга постојано расте.

Исто така, на протестот се испратија пораки за поголема масовност затоа што сите го дишеме истиот воздух. Граѓаните велат дека на протестите треба да се приклучат сите стружани и жители од околните села.

Извор: Strugaonline

Фото: Strugaonline

Facebook Коментари