Охриѓанецот Боби Мојсовски кој пошироката јавност го запозна преку учеството на музичкото шоу за таленти X – фактор, ја започна соработката со добро познатиот Тончи Хулиќ. Плод на таа соработка е новата песна насловена како „Ја би да сам опет мали”, песна и спот кои беа промовирани на хрватскиот Тв канал „Croatia Music Channel“
Претходно,„Ја би да сам опет мали” беше промовирана на СМС фестивалот во Водице, Хрватска.
Балканската sвезда Тончи Хулиќ талентот на Мојсовски го забележа на X Фкатор Adria. Оваа соработка претставува одлична можност за Мојсовски добро да се промовира на хрватскиот музички пазар.
Извор: ОхридПреc\Strugaonline
Фото: Facebook Боби Мојсовски
Facebook Коментари