Правилното и здраво разладување во лето се прави со топол чај и вода од собна температура

- Здравје
963

Со летните горештини најчесто се бориме со често туширање и со освежување конзумирајќи ладни напитоци.

Но, според истражувањата и советите на лекарите, со студените пијалаци луѓето најчесто грешат бидејќи после испивање на студените течности на организмот му е потребно повеќе време да ги апсорбира и да ги прошири низ телото.

Доколку сакате брзо да се разладите најдобро е да пиете вода која стоела на собна температура. Исто така, водата е многу подобар избор од соковите, а добро е да се пие и топол чај бидејќи така ќе предизвикате потење и разладување на организмот. Ладењето со чај може најмногу да успее кога има ниска влажност на воздухот.

За време на топлите денови треба да се избегнува алкохол бидејќи алкохолот доведува до дехидрација , а добра опција е и намалувањето на кафињата кои ги пиете во текот на денот.

 

 

Facebook Коментари