Јаков Наумоски од СОУ „Нико Нестор“ е добитник на првата награда на конкурсот за есеј наменет за млади на возраст од 15-20 години кој беше распишан од страна на Центарот на заедницата на општина Струга. Втората награда отиде во рацете на Ангела Бушеска од ПСУ Јаxja Кемал, а третото место му припадна на Ангел Шекероски од СОУ Нико Нестор.
Есеистите имаа можност да пишуваат на две зададени теми и тоа: „Јас, како активен граѓанин на мојата општина” и „Општина по моја мерка”.
Наградените добија енциклопедии, романи,стручна литература,речници и бестселери.
Есеите беа разгледани и оценети од страна на стручна комисија составена од професори и претставници на Центарот на заедницата на општина Струга, а беа оценувани нивната оригиналност, креативност на мислата, структура и доследност на аргументите како и релевантноста со темата на конкурсот-велат организаторите.
Центарот на заедницата на општина Струга овој конкурс го организираше втора година по ред како дел од стратегијата за млади на општина Струга и како дел од своите предвидени активности за 2017 година.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари