Во организација на Ветеранките од Стружанка – „Струга 2017“, на 6-ти и 7-ми јуни во Струга ќе се одржи ракометен турнир за Ветеранки – Ракомет без граници.

Во петок, 06.06.2025 со почеток во 11:30 часот е предвидено да се одигра групна фаза, додека наредниот ден на 07.06.2025 со почеток во 12:00 часот да се одиграат финалните натпревари.
Турнирот ќе се одигра на отворено ракометно игралиште во Струга, а ќе има учесници од Македонија, Турција и Холандија.
–Со многу искуство, страст и другарство на теренот, ветеранките ќе докажат дека љубовта кон ракометот никогаш не згаснува, дојдете и уживајте во ракометна магија и спортски дух – заедно да ги поддржиме нашите херои на теренот, велат организаторите.
StrugaOnline
Facebook Коментари