(ВИДЕО) По пауза од пет години, Биба Додева има нова песна – „Тука си“
По пауза од скоро пет години, Биба Додева сподели нов сингл – „ТУКА СИ“.
– Со голема радост го споделувам мојот нов сингл, со голема желба повторно да се вратам на музичката сцена и да допрам до мојата публика, вели Биба Додева.
Песната е нова соработка за неа со Митко Чешларов, кој е автор на текстот и музиката, а аранжманот е дело на Владимир Дојчиновски. Звукот е модерен и нов, но и понатаму го носи нејзиниот препознатлив стил и вокален израз по кој ја препознава македонската публика.
StrugaOnline

