Лев банер Десен банер

Ќура, Хоџа и Зеколи Шаќири на увид кај Авто камп „АС“

Во рамки на работната посета на Струга, градоначалникот на општината Менди Ќура, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Мухамет Хоџа и заменик-министерката за транспорт и врски Калтрина Зеколи Шаќири, извршија теренски увид во повеќе инфраструктурни проекти што се реализираат со поддршка на Владата.

Дел од посетата беше и увидот во инфраструктурните активности во близина на Авто камп „АС“, каде што се реализираат проекти за подобрување на сообраќајната поврзаност и пристапот до оваа туристичка локација.

Во моментов се работи на изградба на нов туристички пат со должина од околу 1,5 километри, како и на подобрување на патната врска до кампот во должина од 900 метри. Со овие инвестиции се очекува значително да се олесни пристапот до овој дел од градот, кој има значителен туристички потенцијал.

Проектите се дел од поширок пакет инфраструктурни инвестиции што се реализираат преку програмите на Министерството за транспорт, преку кои за Општина Струга се обезбедени повеќе од пет милиони евра за реализација на четири значајни инфраструктурни зафати.

Со ваквите вложувања се создаваат подобри услови за развој на туризмот, унапредување на локалната инфраструктура и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Од Општина Струга посочуваат дека соработката со централните институции ќе продолжи и во наредниот период, со цел реализација на нови проекти кои ќе придонесат за модерна инфраструктура, подобра мобилност и одржлив развој на градот.

StrugaOnline

error: