Лев банер Десен банер

Водата во Струга повторно безбедна за пиење, укината забраната

Јавното претпријатие ЈП Водовод и Канализација Струга ги информира граѓаните дека водата во Струга повторно е чиста и безбедна за пиење.

Од претпријатието соопштија дека врз основа на најновите анализи на примероците од водата од изворот Шум, утврдено е дека вредностите на матноста се вратени во границите на дозволеното.

„Врз основа на анализата на примероците од водата во последните денови, констатирано е дека вредноста на матноста е во граница на нормалата, поради што забраната за употреба на водата за пиење се укинува“, информираат од претпријатието.

Од ЈП „Водовод и Канализација“ им се заблагодаруваат на граѓаните за покажаното разбирање и трпение во периодот додека траеше ограничувањето за користење на водата за пиење.

StrugaOnline

error: