„Сабота за женски каузи“ на ДримОН

- Локални
941

Петтото јубилејно издание на ДримОН продолжува да ги забавува и едуцира сите оние кои почитуваат процесирање култура

Саботниот фестивалски ден повтонро започнува со авантурата за деца, продолжува со уште една детска работилница за креативност со отпадот. Во 17 часот на зелената зона ќе има презентација на “Од нула до нула” која има цел да ги поддучат граѓаните како да го намалат создавањето на отпад. Веднаш потоа, во 19:30, следува презентацијата на “Паратисима Скопје”.

Саботната панел дискусија „Жени со мустаќи“ е дел од програмата “За женските каузи”  поддржан од „Цивика Мобилитас“. Модератор на дебатата ќе биде новинарката и активистка Ана Јовсковска, а со учество на Ана Василева и Албулена Карага.

Во 21:00 во ДримОН киното ќе се прикажуваат кратки филмови од Астер фест во селекција на Влатко Галевски. За добра летна журка, ДримОН ги носат “Бед копи” и ГОЦЕ САФ.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари