Вечерва, во катедралната црква Света Софија со почеток од 20 часот и 30 минути, во рамките на 57-то Охридско лето концерт ќе одржи „Кватор Диотима квартет“ од Франција.
Гудачкиот квартет “Квартет Диотима” (Диотима Љуатуор) од Франција е составен од Јин-Пенг Жао,Констанс Ронзати,Франк Шевалие и Пјер Морлет “Квартетот Диотима” не настапува прв пат на македонска сцена. Во 2009-та година, брилијантните музичари од овој квартет ја добија на наградата “Георги Божиков” на Сојузот на композитори на Македонија за најдобра изведба на дела од македонски автори во текот на 2008 година.
Цената на билетот за вечерашниот концерт на Охридско лето изнесува 500 денари.
Извор: StrugaOnline
Facebook Коментари