Лев банер Десен банер

Утре во НУЦК „Браќа Миладиновци“ ќе се одигра детската театарска претстава „Тетка Марулка“, наменета за најмладата публика

Утре, 31 март (вторник) со почеток од 11:00 часот, во големата сала на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ ќе се одигра детската театарска претстава „Тетка Марулка“, наменета за најмладата публика. Влезниците се по цена од 150 денари.

Станува збор за едукативна комедија која преку хумор и интеракција со децата испраќа силна порака за важноста на здравата исхрана и грижата за природата. Дејството се одвива во дворот на тетка Марулка, каде што таа со љубов одгледува зеленчук, овошје и цвеќиња. Нејзиниот мир го нарушува Плашко Сашко, кој се обидува да го уништи нејзиниот труд, но со помош на кенгурот Дори, работите добиваат поинаков тек.

Претставата изобилува со комични ситуации, оригинални костими и музика, а преку детски разбирлив јазик им укажува на најмладите колку е важно да се хранат здраво и да ја чуваат животната средина. На крајот, актерите заедно со децата гласно ја испраќаат пораката: „Јади здрава храна за да имаш живот без маана!“

Во претставата настапуваат Магдалена Ризова – Черних, Сашо Ристовски и Ема Давчева. Автор и режисер е Сашо Ристовски, додека сценската визуелизација е дело на Дими.

Организаторите најавуваат забавно и поучно доживување кое ќе ги насмее децата, но и ќе ги поттикне да размислуваат за сопственото здравје и заштитата на природата.

StrugaOnline

error: