Тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Струга – Ќафасан
На 08.04.2026 во 15:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат Струга – Ќафасан, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.Х.(22) од с.Велешта, струшко, удрило во две паркирани товарни моторни возила – „фиат“ со струшки регистарски ознаки и „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, паркирани од Е.Н.(37) од Струга. Во несреќата возачот Б.Х. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјална болница „Св.Еразмо“ Охрид, додека Е.Н. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струга. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Струга.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

