Претставата „Генијална идеја“ во петок на репертоарот на Народен Театар Охрид
Народниот театар Охрид во петок, 17 април 2026 година, ќе ја изведе претставата „Генијална идеја“ во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 20:00 часот.
Претставата е работена по текст на повеќе автори, во драматургија и режија на Ненад Витанов, а станува збор за динамична дуо драма во која улогите ги толкуваат Ивица Цонев и Филип Кипровски.
Сценографијата е дело на Филип Витанов, додека за костимите е задолжена Мимоза Тодоровска. Продукцијата најавува современ сценски израз и актерска игра фокусирана на силна интеракција и интензивна драмска линија.
Цената на билетите изнесува 300 денари.
Билетарата работи секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот, како и од 13:00 до 20:00 часот на денот на изведбата.
StrugaOnline

