ЛТХ Леарница вработува оператори на автоматизирани леарски острови
Оператори на автоматизирани леарски острови
Главни задачи:
• ракување со опремата за леење, извршување едноставни операции при моделирањето на одлеаноците врз база на технолошки постапки, цртежи и дадени инструкциич;
- контрола на квалитетот на одлеаноците преку визуелна проверка, откривање на површински недостатоци и елиминација на лошо одлеаните парчиња;
- прилагодување на операцијата на машините според упатствата и инструкциите дадени од страна на технолозите ;
- контрола на работата на машините и опремата со цел обезбедување производ според дадени спецификации;
- одржување чиста работна средина и почитување на правилата и прописите за безбедност и здравје при работа;
- познавање, разбирање и пополнување документацијата на работното место
Очекуваме:
– завршено средно образование
– работа во смени на локација Охрид
– подготвеност за континуирано едуцирање и дообучување
– способност за тимска работа,
– грижа за чисто работно место.
Нудиме:
- конкурентна плата плус додатоци на плата
• покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
• обезбеден топол оброк
• исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
• исплата на новогодишен надоместок, доброволно приватно здравствено осигурување
• награди и бонуси согласно покажани резултати, додаток за присутност
Аплицирајте на Слободни работни места | LTH Castings
Ве очекуваме!
*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 90 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.
wwww.lthcastings.com Ι info.mkd@lthcastings.com
StrugaOnline

