Реконструкцијата на патот во „Езерски Лозја“ се одвива според планираната динамика
Градежните работи за реконструкција на локалниот пат во населбата „Езерски Лозја“ во Општина Струга се реализираат согласно предвидената динамика, информираат надлежните.
На терен интензивно се спроведуваат активности насочени кон подобрување на патната инфраструктура, со цел да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, да се олесни движењето и да се создадат поквалитетни услови за живот на жителите од оваа населба.
Од Општината посочуваат дека реконструкцијата е дел од пошироките напори за унапредување и модернизација на локалната патна мрежа, како и за поттикнување на локалниот развој.
Проектот претставува значајна инвестиција во инфраструктурата на Општина Струга и се очекува да придонесе за подобра поврзаност и поголема функционалност на овој дел од градот.
StrugaOnline

