Приведен Австралиец во Струга поради напад врз полициски службеници
На 14.05.2026 во 13:45 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода К.М.(63) од Австралија, со престој во Струга, затоа што агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Откако бил приведен во полициска станица продолжил со агресивното однесување и повторно нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

