Лев банер Десен банер

Кривична пријава против две лица од Струшко за незаконита експлоатација на минерални суровини во атарот на с.Вишни

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.З.(34) од с.Заграчани, струшко и Л.Х.(46) од с.Калишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“.

Во атарот на с.Вишни, струшко, првопријавениот А.З., иако не поседува пропишана концесија или дозвола за експлоатација на минерални суровини на парцели издадена од надлежен орган, го ангажирал второпријавениот Л.Х., кој со работна машина багер вршел незаконит ископ на минерални суровини и транспорт со товарно возило. На тој начин пријавените извршиле противзаконски  ископ на околу 5000 кубни метри на минерална суровина без концесија на површина од 10.104 метри квадратни, констатирано при вонреден инспекциски надзор од Државниот инспекторат за техничка инспекција.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: