Лев банер Десен банер

Утре Струга домаќин на второто издание на фестивалот „Крајезерски поети

Струга, Охрид и Поградец повторно се обединуваат преку поезијата, во рамките на второто издание на фестивалот „Крајезерски поети“, кој годинава ќе се одржи во Струга.

Утре со почеток во 11:00 часот, во Фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе се одржи фестивалот посветен на поетското творештво и културното поврзување на трите крајезерски градови.

Роднокрајните поети од Струга, Охрид и Поградец ќе ги обединат своите стихови, јазици и поетски изрази, претворајќи ја близината на Охридското Езеро во симболичен мост на културна соработка и пријателство.

Фестивалот ја продолжува приказната започната минатата година во Поградец, а со второто издание Струга станува домаќин на оваа заедничка поетска средба.

„Крајезерски поети“ има за цел да ја истакне културната блискост на заедниците што живеат покрај езерото, поттикнувајќи размена на поетски искуства и создавање нови културни врски.

Настанот претставува можност за љубителите на поезијата да уживаат во творештвото на поетите од трите крајезерски градови и да бидат дел од една заедничка поетска приказна што ги надминува границите и ги поврзува луѓето преку уметноста.

StrugaOnline

error: