Лев банер Десен банер

Струга ги промовира туристичките потенцијали во Бурса, најавени можности за нови инвестиции

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со в.д. градоначалникот на Метрополитенската општина Бурса, Шахин Биба, во рамките на официјалната посета на турскиот град.

За време на средбата, на која присуствуваше и делегација на Општина Струга, беа разгледани можностите за продлабочување на соработката меѓу Струга и Бурса, со посебен акцент на туризмот, инвестициите и размената на искуства во областа на локалното управување.

Бурса, како еден од најголемите урбани и економски центри во Турција, беше истакната како значаен потенцијал за воспоставување нови економски и институционални врски со Струга.

Градоначалникот Ќура ја нагласи важноста од промоција на туристичките потенцијали на Струга и создавање конкретни можности за инвеститорите од Бурса. Според него, соработката меѓу двата града може да придонесе за реализација на нови проекти и поттикнување на заедничкиот развој.

Во разговорите беше посочена и географската достапност на Струга, имајќи го предвид безвизниот режим меѓу Македонија и Турција, како и близината на Меѓународниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Од Општина Струга истакнуваат дека ваквите средби претставуваат можност за отворање нови перспективи во областа на туризмот, економијата и институционалната соработка.

„Од пријателство до партнерство“ – со оваа порака Општина Струга ја истакна заложбата за воспоставување нови врски со Бурса, насочени кон соработка, инвестиции и развој.

StrugaOnline

error: