Се ограничува пловидбата на скутери и чамци во летната сезона на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро
Во текот на летната сезона се ограничува пловидбата на скутери и чамци. Одлуката за ограничување на пловидба на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро ја донесе Владата на предлог на Министерството за транспорт
Според оваа одлука се забранува пловидба на скутери во период од 1 јули до 31 август 2026 година од 11 часот се до 19 часот. За чамците пловидбата се забранува од утре – 3 јуни до 31 август 2026 год. времетраење од 21.00 до 05.00 часот, понатаму од 1 септември до 30 септември од 20.00 до 06.00 часот и од 1 – до 31 октомври од 19.00 до 06.00 часот.
Одлуката како што објаснуваат од Министерството за транспорт е донесена за да се намали ризикот од несреќи, и да се зачува безбедноста на капачите и јавниот ред на езерата. Исто така од таму најавуваат и засилени контроли за непочитување на пропишаните ограничувања.
StrugaOnline

