Лев банер Десен банер

Општина Струга продолжува со активностите за ослободување на јавните површини во Струга

Продолжуваат активностите за ослободување на јавните површини во Струга, а од денес еден од најатрактивните делови на градот – потегот на реката Црн Дрим, од излезот на Охридското Езеро, е целосно слободен и достапен за граѓаните и туристите.

Од надлежните посочуваат дека со ова се прави уште еден значаен чекор во насока на враќање на јавниот простор во функција на сите граѓани, овозможувајќи непречено движење, рекреација и поквалитетна животна средина.

„Јавните површини се заедничко богатство. Тие треба да се чуваат, почитуваат и да се користат рамноправно од сите“, порачуваат од локалната самоуправа.

Воедно, упатен е апел до граѓаните и деловните субјекти да се воздржат од узурпација на јавните простори и да придонесат за нивно зачувување.

Од Општината нагласуваат дека почитувањето на јавните површини е заедничка одговорност и предуслов за уреден, чист и достапен град, во кој секој ќе може слободно да ги користи просторите што им припаѓаат на сите.

StrugaOnline

error: