Лев банер Десен банер

Билтен за Охрид: Семејно насилство, физички напад

На 01.09.2026 во 18:25 часот на улица „Св.Наум Охридски” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа И.Ј.(48) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ги нападнал Е.С.(50) и Е.С.(43), двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.09.2026 во 05:40 часот во село Лешани, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ј.Ѓ.(40) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 05:00 часот се заканувал на Љ.Н.(54) и неговата сопруга пред семејниот дом во истото село. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: