Лев банер Десен банер

Приведени тројца стружани поради поседување марихуана

На 01.09.2026 во 18:30 часот во близина на хотел на струшкото крајбрежје, полициски службеници од мобилниот тим при Регионален центар за гранични работи Запад ги приведоа Е.В.(21) и Л.Р.(19), двајцата од Струга. При преглед кај нив пронајдена е марихуана и остар предмет.

На 02.09.2026 во 00:30 часот, припадниците на мобилниот тим, во близина на автокамп во Струга го приведоа и Б.Д.(39) од Струга кај кого, исто така, пронајдоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против сите приведени лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: