Лев банер Десен банер

Затворени улици во Струга поради „Дрим Ран“: Еве каде и кога ќе има прекин на сообраќајот

Дел од улиците во Струга во текот на викендот ќе бидат затворени за сообраќај поради одржувањето на спортската манифестација „Дрим Ран“ (DRIM RUN), во организација на Здружението за спорт и рекреација „Дрим Актив“ од Струга.

Главните трки на 5 и 10 километри ќе се одржат во недела, 6 септември, во периодот од 08:00 до 12:00 часот, поради што на повеќе сообраќајници ќе има привремен прекин или ограничување на движењето.

Според најавата на организаторите, трасата на двете трки ќе ги опфати Чаршиски мост, улицата „Маршал Тито“, „15-ти Корпус“, „Партизанска“ и Кеј „Борис Кидрич“.

Од организаторите апелираат до граѓаните и учесниците во сообраќајот навремено да ги испланираат своите движења и да ги почитуваат сообраќајните насоки во периодот додека трае настанот.

Детска трка денеска на Кеј „Борис Кидрич“

Програмата започнува уште денеска, 5 септември, со детска трка која ќе се одржи во периодот од 15:00 до 18:00 часот на Кеј „Борис Кидрич“ и кај Чаршискиот мост.

И оваа активност ќе предизвика привремени ограничувања во движењето во наведениот дел од градот.

Од „Дрим Актив“ велат дека целта на манифестацијата е да се поттикне спортската култура во Општина Струга и градот да се промовира како центар за спортско-рекреативни активности.

Организаторите очекуваат „Дрим Ран“ да придонесе и за поголема афирмација на Струга пред македонската и меѓународната атлетска заедница.

StrugaOnline

error: