Лев банер Десен банер

За осум месеци во Струга 110 завршени предмети за легализација

Постапката за легализација на бесправно изградени објекти во Општина Струга добива забрзано темпо. Вчера градоначалникот Менди Ќура додели 42 нови решенија за легализација, со што бројот на завршени предмети годинава достигна 110.

Од Општина Струга информираат дека работата продолжува, при што 30 предмети се во завршна фаза, додека уште 70 предмети се во почетна фаза на обработка и се очекува да бидат завршени до крајот на годината.

-Комисиите за легализација секојдневно се на терен, каде што вршат проверки, комуницираат со граѓаните и работат на комплетирање на потребната документација за предметите, велат од локалната.

Според податоците на Општината, во текот на целата 2025 година биле обработени 60 предмети, додека за само осум месеци годинава се завршени 110.

-Зголемениот број на решени предмети е резултат на поинтензивната работа на Секторот за урбанизам и комисиите за легализација, со цел да се забрзаат постапките и да се решаваат долгогодишните проблеми на граѓаните, додаваат од Општина Струга.

StrugaOnline

error: