Лев банер Десен банер

РК Струга ги пушти во продажба сезонските карти за сезоната 2026/2027

Ракометниот клуб Струга ја започна продажбата на сезонските карти за натпреварувачката сезона 2026/2027, со кои навивачите ќе можат да ги следат сите домашни натпревари на клубот во Супер Машката лига.

Сезонската карта е лична и непренослива, а со секоја купена карта следува и маица гратис. Од клубот ги повикуваат стружани и сите љубители на ракометот да ја покажат својата поддршка и во новата сезона да бидат дел од трибините.

Резервацијата се врши исклучиво преку Viber порака на телефонскиот број: 078 272 438

Во пораката потребно е да се наведат:

  • име и презиме;
  • „Резервација за сезонска карта“;
  • големина на маица.

Од РК Струга порачуваат дека сезонската карта е повеќе од билет за натпреварите – таа е начин навивачите да бидат дел од клубот во текот на целата сезона.

„Една карта. Цела сезона. Една љубов!“ е пораката со која клубот ги повикува своите поддржувачи да ја обезбедат сезонската карта за сезоната 2026/2027.

StrugaOnline

error: