Лев банер Десен банер

Пионерките на ЖРК Струга со победа ја започнаа сезоната, убедливо славеа против Астибо

Пионерките на женскиот ракометен клуб Струга со победа го започнаа настапот во новата натпреварувачка сезона, откако во првото коло убедливо ја совладаа екипата на Астибо со 21-11.

Стружанки уште од самиот почеток на натпреварот наметнаа свое темпо и постепено ја градеа предноста. Со цврста игра во одбраната и ефикасна реализација во нападот, домаќинките успеаја да го контролираат резултатот во текот на целиот натпревар.

Најефикасна во победничкиот состав беше Елена Ѓонеска со седум погодоци, додека Ива Крстаноска постигна четири гола. По три погодоци за Струга реализираа Евгенија Димовска и Николина Паноска.

До крајот на средбата, пионерките на Струга ја задржаа сигурната предност и заслужено стигнаа до првите бодови во шампионатот.

Победата од 21-11 е одличен почеток за младите ракометарки на Струга, кои со позитивен резултат ја отворија сезоната и најавија дека ќе бидат сериозен конкурент во продолжението од натпреварувањето.

StrugaOnline

error: