Времето денес променливо облачно со сончеви периоди и посвежо
МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)
-4 Попова Шапка, -3 Лазарополе, -1 Берово, Маврови Анови, 0 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Крушево, 1 Тетово, Демир Капија, 2 Охрид, Струмица, 3 Виница, Кавадарци, 4 Претор, Прилеп, Штип, Велес, Куманово, 5 Скопје-Зајчев Рид, Битола, 11 Гевгелија.
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
2 Виница, 1 Пожар-Радовиш.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно со сончеви периоди и посвежо. Во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремен снег. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени.
Температурата во Струга и Охрид ќе се движи од 2 до 12 степени.
Извор: УХМР; фото: архива
StrugaOnline

