Билтен за Охрид: Охриѓанка физички нападнала сограѓанка, Kривична пријава за лице од Брвеница кај кое бил пронајден кокаин
На 26.10.2026 во 12:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Коста Абраш” во Охрид, М.Х физички ја нападнала Б.Х.(59), двете од Охрид, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. По целосно документирање на настанот, против М.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ж.Р.(31) од с.Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и „овозможување на употреба на наркотични дроги”. На 31.07.2025, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид извршија контрола во угостителски објект на улица „Наум Охридски” во Охрид, при што кај пријавениот пронајдоа и одземаа кокаин.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

