Пионерките на ЖКК Струга 2009 убедливи во езерското дерби против Охрид
Пионерките на Струга 2009 остварија убедлива победа во езерското дерби против екипата на Охрид, триумфирајќи со високи 73:22 и потврдувајќи го својот квалитет на паркетот.
Младите стружанки уште од самиот почеток наметнаа силно темпо и покажаа одлична игра во двата правци. Првата четвртина ја добија со 25:9, а во вториот период целосно ја затворија својата одбрана, дозволувајќи им на домаќинките да постигнат само еден поен, додека самите реализираа 17.
Доминацијата на Струга 2009 продолжи и во третата четвртина, во која пионерките постигнаа 22 поени без примен кош. Во последниот период Охрид успеа да намали дел од негативата, но победата на гостинската екипа веќе беше убедливо обезбедена.
Најефикасна во редовите на ЖКК Струга 2009 беше Нелоска со 18 поени. Кајмакоска постигна 9 поени, додека Селими и Пејчиноска завршија со по 8. Мијевска придонесе со 7 поени, Ајдиноска со 6, а Маркоска, Дукоска и Матеска постигнаа по 4 поени. Денкоска реализираше 3, Спироска 2, а Шкурче 1 поен.
StrugaOnline

