Билтен за Охрид: Физички напад, неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје…
На 28.08.2026 година во 23.30 часот во СВР Охрид, приведени се Т.И.(37) и М.И.(35), двајцата од Велес по претходна пријава дека во охридското село Пештани, со други две лица физички ги нападнале П.Б.(22) од Битола и Н.Г.(19) од Прилеп. При извршено алкотестирање, кај Т.И. биле констатирани 2,44 додека кај М.И. 1,84 промили алкохол во крвта. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Ј.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол „Црвена застава” калибар7.65 милиметри и 25 куршуми од различен калибар.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

