Легендарниот хрватски кантавтор Оливер Драгоевиќ за хрватските медиуми потврди дека боледува од тежок облик на воспаление на белите дробови, а при прегледот било утврдено и присуство на туморно ткиво.
Драгоевиќ додава дека е во процес на испитувања, по што ќе се знае на каков медицински третман ќе биде подложен.
Тој информираше дека неговата болест не е предизвикана од пушење, туку од старост.
Оливер Драгоевиќ е познат кант автор кој долги години ги создава најубавите балади во Хрватска.
Facebook Коментари