Прв меѓународен „ФИС ролер ски куп Тоше Проески“ во Крушево

- Спорт
1040

Во периодот  25-27.08.2017 година, на патеката Кривогаштани-Крушево ќе се одржи првиот меѓународен „ФИС ролер ски куп Тоше Проески“. Организатори на  настанот се Агенција за млади и спорт на Република Македонија, Скијачка Федерација на Република Македонија, Фондација Тоше Проески и клубот Олимпик Скии – Крушево како и општина Крушево и општина Кривогаштани.

Натпреварите ќе се одвиваат во две категории: мажи и жени. Оваа дисциплина влегува на бодовната листа на Меѓународната скијачка организација (FIS) за Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг во 2018 година.

„Меѓународниот „ФИС ролер ски куп Тоше Проески“, би сакале да прерасне во традиционален рол ски куп, а истовремено и најреномиран на балканските простори и на тој начин да створиме традиција која најдобро ќе го отсликува спортскиот лик на градот Крушево. Со тоа нашите натпреварувачи ќе добијат уште една можност да бидат наши амбасадори претставувајќи и промовирајќи ја Република Македонија на најдобар можен начин„ – велат организаторите

Настанот ќе биде отворен од страна на заменик претседателот на Влада и министер за внатрешни работи, г-дин Оливер Спасовски.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари