Вардар се пласираше во групната фаза на Лига Европа

- Спорт
872

Македонскиот фудбалскиот шампион Вардар оствари голема победа на гостински терен во Истанбул. На реваншот од плејофот на Лига Европа нашите фудбалери славеа со  со 2:1 против Фенербахче и се пласираa во групната фаза на Лига Европа.

Станува збор за историски успех затоа што „Вардар“ преку оваа победа стана првата екипа која ќе игра во групите на европско клупско натпреварување какво што е Лига Европа.

Фенербахче поведе со 1:0 во 61. минута преку Нојштадер, но само седум минути подоцна Џигаури израмни  најавувајќи го  големиот успех на Вардар. Заслужен за големата победа на Вардар е и  Глигоров кој  погоди по контра во судиското продолжение.

Facebook Коментари