54 годишно лице од Долна Белица загина во сообраќајка, две лица се повредени

- Хроника
1880

На 15-ти ноември 2023 година, во 22:50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Стража, кај Новоселски пат, патничко моторно возило марка „Опел корса“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 42-годишно лице од струшкото село Долна Белица, излетало од коловозот.

– Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал 54-годпшен сопатник во возилото од селото Долна Белица, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник, 41-годишно лице од струшкото село Велешта, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: aрхива

Facebook Коментари