Лев банер Десен банер

Две државјанки на Перу приведени на Ќафасан, пронајдена марихуана во нивниот багаж

На 27.10.2026 на Граничен премин Ќафасан, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода Л.Р.Ф.М.(27) и П.П.Д.А.(26), двете од Перу. При преглед во возило комбе со кое патувале, во багажот на Л.Р.Ф.М. биле пронајдени две пакувања со марихуана, додека во багажот на П.П.Д.А. било пронајдено едно пакување со марихуана. Тие биле спроведени и задржани во Полициската станица Струга и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: